Republike Slovenije
Janez Janša l.r.
Republike Makedonije
dr. Vlado Bučkovski l.r.
Владата на Република Словенија и Владата на Република Македонија (во натамошниот текст "договорни страни") се договорија, за следното:
Член 1
Во Спогодбата за стопанска соработка помеѓу Република Словенија и Република Македонија од ден 25. 2. 1992 г. се брише ставот 2 од членот 1.
Член 2
Во членот 2 се брише зборот "нивни".
Член 3
Се бришат членовите 3, 4, 5 и 7.
Член 4
Се брише ставот 1 од членот 8.
Член 5
Се брише членот 10.
Член 6
Pо членот 17 се додава нов член 17а, којшто гласи:
"Член 17а
Оваа Спогодба се применува без да се посега во обврските кои произлегуваат од членството во Европската унија и под условите кои произлегуваат од тие обврски. Заради тоа не може да се повикува на одредбите од оваа Спогодба или тие да се толкуваат така што би можеле да ги поништуваат или да влијаат на обврските кои ги определуваат Спогодбата за Европската унија или спогодбите помеѓу Република Македонија и Европските заедници".
Член 7
Оваа Спогодба влегува во сила од денот на приемот на последното известувањe со коe договорните страни се известуваат по дипломатски пат дека се исполнети сите внатрешноправни услови за нејзиното влегување во сила.
Составено во Љубљана на ден 17 ноември 2005 година во два примероци на словенечки јазик и македонски јазик, при што двата текста еднакво се веродостојни.
|