Za Vlado
Republike Slovenije
Andrej Vizjak l.r.
Za Vlado
Republike Makedonije
Ljupčo Meškov l.r.
Владата на Република Словенија и Владата на Ре-
публика Македонија (во натамошниот текст: договорни
страни), со желба за зацврстување на постојните врски
помеѓу Република Словенија и Република Македонија и
заедничко регулирање на сезонското вработување на нив-
ните државјани, се договорија:
Член 1
Овој договор ги определува организациите за спрове-
дување на договорот, начинот на размена на информации,
видот на сезонските работи, бројот на сезонските работ-
ници, условите и постапката за вработување, времето за
вработување на сезонски работници на едната договорна
страна кај работодавачи на другата договорна страна и
министерствата надлежни за следење на спроведувањето
на договорот.
Член 2
Организации за спроведување на договорот (во ната-
мошниот текст: надлежни органи на договорните страни за
вработување) се:
– во Република Словенија: Завод на Република Сло-
венија за вработување,
– во Република Македонија: Агенција за вработување
на Република Македонија.
Член 3
Сезонските работи на државјаните на двете држави
може да се изведуваат само врз основа на одредбите од
овој договор и врз основа на договор за вработување,
којшто може да се склучи за период од најмалку три и најм-
ногу девет месеци во календарската година.
Член 4
(1) Сезонските работи во градежништвото може да
се изведуваат најмногу до девет месеци во календарската
година.
(2) За тие работи, одделен работодавач може да склу-
чи договор за вработување со онолку сезонски работници
од другата договорна страна, колку што има редовно вра-
ботени работници.
(3) Договор за вработување за сезонски работи во
градежништвото, ист сезонски работник во следната ка-
лендарска година, може да склучи по најмалку три-месечен
прекин на вработувањето кај другата договорна страна.
(4) Сезонските работи во земјоделството и шумарс-
твото можат да се изведуваат најмногу до шест месеци во
календарската година. Одделен сезонски работник може
да склучи договор за вработување најмногу три пати во
календарската година.
(5) Другите сезонски работи може да се изведуваат
најмногу до три месеци во календарската година.
Член 5
(1) Надлежните органи на договорните страни за вра-
ботување, пред крајот на тековната година, зависно од
состојбата на пазарот на трудот и потребите на работода-
вачите за изведување на сезонска работа, си разменуваат
податоци за побарувањата за сезонски работници.
(2) Со прилозите 1 и 2, коишто се составен дел од овој
договор, се определува начинот на размена на информа-
ции, бројот на сезонските работници во календарската го-
дина, постапката и потребните документи за вработување
во согласност со законодавството на договорната страна.
Член 6
Договорните страни гарантираат дека на работодава-
чите, односно сезонските работници, кои во согласност со
овој договор и законодавството на државата во која ќе се
извршува работата, ги исполнуваат условите за сезонско
вработување, ќе им се издаде дозвола за сезонско вра-
ботување и дозвола за престој за времето на сезонското
вработување.
Член 7
(1) По истекот на важноста на дозволата за престој
и дозволата за работа или по престанување на работниот
однос на било каков друг начин, сезонскиот работник мора
да ја напушти државата на вработувањето.
(2) Во случај на предвремено престанување на работ-
ниот однос, работодавачот мора на надлежниот орган за
вработување веднаш да му ја врати дозволата за работа.
Надлежните органи на договорните страни, за предвре-
мените престанувања на работниот однос меѓусебно се
известуваат.
(3) Државата на договорната страна, од каде што до-
аѓа вработениот, мора да ги обезбеди потребните мерки на
постапката за негово враќање.
Член 8
(1) Секоја договорна страна го задржува правото, на
лицето вработено според овој договор, да му определи да
ја напушти нејзината територија ако присуството на тоа
лице ја загрозува националната безбедност и јавниот мир
или јавното здравје на таа држава.
(2) Во таквите случаи се известуваат амбасадорот и
конзуларните органи.
Член 9
Лицата, вработени според овој договор во државата
на другата договорна страна, можат својата законска пла-
та во форма на конвертибилна валута, да ја пренесат во
својата држава во согласност со законодавството што важи
во државата на вработувањето.
Член 10
Правата на сезонските работници на договорните
страни, коишто произлегуваат од спроведувањето на овој
договор се наменети само за нив и не се прошируваат на
членовите на нивните семејства.
Член 11
Прашањата во врска со социјалното осигурување се
решаваат во согласност со Договорот за социјално осигу-
рување помеѓу Република Словенија и Република Македо-
нија, склучен на 13. 7. 1998 година.
Член 12
(1) Министерствата на договорните страни надлежни
за труд, го следат спроведувањето на овој договор.
(2) Претставници од двете договорни страни, на ба-
рање коешто заинтересираната страна ќе го испрати до
надлежното министерство, можат да се состануваат заради
контрола, односно следење на спроведувањето на овој
договор.
Член 13
(1) Договорот се склучува за период од две години.
Секојпат, автоматски се продолжува за следната година,
ако ниедна од договорните страни најдоцна три месеци
пред истекот на календарската година, по дипломатски пат
не соопшти дека го откажува договорот.
(2) Договорите за вработување, склучени пред отка-
жувањето на овој договор, независно од откажувањето,
важечки се до нивното истекување.
Член 14
Овој договор почнува да важи на денот кога договор-
ните страни меѓусебно, по дипломатски пат, ќе се известат
дека се завршени постапките коишто ги предвидуваат за-
конодавствата на договорните страни.
Составен во Скопје на 27 фебруари 2007 година, во
два примерока, на словенечки и македонски јазик, при што
двата текста се еднакво веродостојни.
ЗА ВЛАДАТА ЗА ВЛАДАТА
НА РЕПУБЛИКА НА РЕПУБЛИКА
СЛОВЕНИЈА МАКЕДОНИЈА
Андреј Визјак c.p. Љупчо Мешков c.p.
ПРИЛОГ 1
КОН ДОГОВОРОТ ПОМЕЃУ ВЛАДАТА
НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА
И ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ
Член 1
Овој прилог ги утврдува, начинот на размена на
информации помеѓу Заводот на Република Словенија за
вработување (во натамошниот текст: Завод) и Агенцијата
за вработување на Република Македонија (во натамош-
ниот текст: Агенција) како спроведувачи на договорот,
бројот на сезонските работници кои во календарската
година можат сезонски да се вработат во Република
Словенија, како и постапката и потребните документи за
спроведување на вработувањето согласно словенечкото
законодавство.
Член 2
(1) Во 2007 година кај работодавачите во Република
Словенија можат да се вработат најмногу 600 сезонски
работници (во натамошниот текст: квота) од Република
Македонија, без оглед на времетраење на сезонското вра-
ботување.
(2) Вработувањето кое започнува во тековната кален-
дарска година и продолжува во наредната календарска
година се вбројува во бројот на сезонските вработувања
во тековната календарска година.
Член 3
Поднесоците за вработување на сезонските работни-
ци од Република Македонија ги решава Заводот во рамките
на квотата и според датумите на пристигнатите барања.
Член 4
(1) Работодавачот од Република Словенија кој сака да
вработи сезонски работници од Република Македонија, ба-
рањето го поднесува во централната служба на Заводот.
(2) Барањето на работодавачот треба да ги содржи
следните податоци и прилози:
a) целосен назив на фирмата;
b) колку вработени имал работодавачот во претходна-
та календарска година;
в) колку сезонски работници и со каков професиона-
лен состав сака да вработи, како и
г) адресата односно адресите на живеалиштата каде
што сезонските работници ќе престојуваат за време на
вработувањето во Република Словенија.
(3) Покрај податоците од претходниот став, централ-
ната служба на Заводот, самата или врз основа на доказите
на работодавачот утврдува дека за него не постои забрана
за нови вработувања.
(4) На поединечен работодавач може да му се издадат
најмногу толку дозволи за работа за сезонски работи во
градежништвото колку што кај него имало вработени работ-
ници, во претходната календарска година за најмалку шест
месеци. Во таа бројка не се вклучени странците вработени
врз основа на дозвола за работа за сезонска работа.
Член 5
(1) Централната служба на Заводот ја проверува ис-
користеноста на квотата и исполнувањето на условите на
работодавачот од претходниот член.
(2) Доколку квотата се уште е слободна и работодава-
чот ги исполнува условите, Заводот издава претходно одоб-
рение за користење на квотата и го известува работодава-
чот колку работни дозволи може да побара. Во спротивно,
го известува дека квотата е искористена односно дека не
ги исполнува условите за користење на квотата.
Член 6
(1) По добивањето на претходното одобрение за ко-
ристење на квотата работодавачот во подрачната служба
на Заводот на образецот ПД го пријавува слободното ра-
ботно место, а во централната служба на Заводот ги пре-
дава понудите за склучување на договори. Понудата треба
да ги содржи податоците за работното место и потребното
образование или стручна оспособеност, бруто и нето ме-
сечна плата, работни услови, местото односно местата
на извршување на работа, сместување на работникот и
времето за кое договорот ќе биде склучен. Централната
служба на Заводот ги подготвува единствените обрасци
на понудата.
(2) Централната служба на Заводот понудите ги ис-
праќа на Агенцијата која според својата оценка ги избира
кандидатите според прописите на Република Македонија.
(3) Списокот на кандидатите кој Агенцијата за поеди-
нечниот работодавач го испраќа во централната служба
на Заводот, ги содржи за секој избран кандидат името и
презимето со податоци за неговото раѓање, адресата на
живеалиште, бројот на патната исправа, кога таа е издадена
и нејзината важност, брачниот статус, образованието или
стручната оспособеност и работното искуство.
(4) Централната служба по приемот, списокот од
претходниот став го испраќа на работодавачот.
(5) Работодавачот од списокот ги избира кандидатите
и предава поднесоци за издавање на работни дозволи
во централната служба на Заводот. Кон поднесоците ги
приложува од негова страна потпишаните договори во пет
примероци.
(6) Централната служба става жиг на договорите и ги
испраќа во Агенцијата која ги повикува кандидатите да ги
потпишат.
(7) Потпишаните договори, со копиите на пасошите
на секој кандидат, Агенцијата ги испраќа во централната
служба на Заводот.
Член 7
По приемот на потпишаните договори и на копиите на
пасошите централната служба на Заводот издава работни
дозволи. Оригиналот го испраќа во Агенцијата, а копијата
на работодавачот.
Член 8
Агенцијата работната дозвола му ја предава на канди-
датот и го упатува во дипломатско-конзуларното претстав-
ништво на Република Словенија во Република Македонија
за да добие дозвола за престој.
Член 9
Доколку работодавачот сака да вработи познат кан-
дидат, по добивање на одобрувањето за користење на
квотата може веднаш да поднесе барање за издавање на
работна дозвола со пропишаните докази и приложува од
негова страна потпишан договор во пет примероци. Пос-
тапката продолжува согласно ставовите 6 и 7 од чл. 6, како
и членовите 7 и 8 од овој прилог.
Член 10
(1) Трошоците за таксите и давачките во врска со из-
давањето на работните дозволи ги сноси работодавачот.
(2) Трошоците за дозвола за престој, патни трошоци,
како и трошоците за сместување и исхрана ги сноси ра-
ботникот освен ако договорните страни не се договорат
поинаку.
Член 11
(1) Словенечката страна може во согласност со важеч-
кото законодавство да ја измени постапката за издавање на
работни дозволи и дозволи за престој.
(2) Најголемиот број на сезонски работници односно
квотата на работни дозволи од став 1 од чл. 2, словенечка-
та страна може да го утврди за секоја наредна календарска
година и за тоа, до крајот на месец ноември од тековната
година, по дипломатски пат да ја извести македонската
страна. Доколку македонската страна до крајот на месец
ноември во тековната година не го добие известувањето
за висината на квотата за наредната календарска година,
важи последната утврдена квота.
ПРИЛОГ 2
ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАПКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
НА СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ ОД РЕПУБЛИКА
СЛОВЕНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Оваа постапка се однесува за вработување на државја-
ни за сезонска работа од Република Словенија во рамките
на законодавството кое се однесува на влез и вработување
на странски државјани во Република Македонија.
Член 1
(1) Работодавачот од Република Македонија, кој сака
да вработи сезонска работна сила од Република Словенија,
во согласност со условите од “Договорот помеѓу Владата
на Република Македонија и Владата на Република Сло-
венија за вработување на сезонски работници” и од овој
Прилог мора да достави потпишано барање до подрачната
служба на Агенцијата за вработување на Република Маке-
донија – Центар за вработување, со наведено седиште на
работодавачот, најмалку еден месец пред започнувањето
на вработувањето на работниците, со цел да се провери
дали постојат невработени лица, државјани на Република
Македонија кои според своите квалификации сакаат да се
пријават за овие работни места.
(2) Барањето на работодавачот кој сака да вработи се-
зонски работници од Република Словенија, ќе може да се
достави и до другите Центри за вработување, за да се изврши
проверката на домашната работна сила со цел исполнување
на барањето на работодавачот од домашната работна сила.
(3) Во барањето, работодавачот мора до Центарот за
вработување во Република Македонија да достави подато-
ци за бројот, квалификационата структура (специјалноста),
за кој вид и за колкав период на време на сезонски работи
сака да ги ангажира работниците, опис, условите и местото
на работа, цената на трудот изразена по единица час, како
и изјава дека, доколку бараната работна сила ја нема на
домашнот пазар на работна сила, е согласен истата да му
биде обезбедена од Република Словенија.
Член 2
Доколку работодавачот од Агенцијата за вработување
на Република Македонија – Центарот за вработување, до-
бие дека работната сила што ја барал не може да му биде
обезбедена од домашниот пазар на работна сила, тој мора
до надлежниот Центар за вработување, кон барањето да
приложи изјава дека ќе ги преземе врз себе животните и
здравствените трошоци на неговиот вработен од Репуб-
лика Словенија до моментот на издавање на дозволата за
престој на работникот како и дека истите ќе ги покрие преку
соодветен осигурителен фонд.
Член 3
(1) Работодавачот, кој на своето барање добил одговор
од Агенцијата за вработување на Република Македонија (во
натамошниот текст: Агенцијата) и ги исполнил условите
од член 2 на овој Прилог, мора тоа барање да го завери
и потврди и да го достави до дипломатско-конзуларното
претставништво на Република Македонија во Република
Словенија, преку Агенцијата.
(2) Дипломатско – конзуларното претставништво на
Република Македонија, добиеното барање од Агенциjата
го упатува до надлежните служби на Република Слове-
нија, со цел спроведување постапка за избор на работ-
ници согласно барањето на работодавачот.
Член 4
Кандидатите за вработување, покрај условите од
барањето на работодавачот мора да ги исполнуваат и
следните услови:
– да бидат постари од 21 година и помлади од 60
години;
– да немаат криминално досие;
– да имаат здравствена потврда издадена од над-
лежна јавна служба во која ќе биде наведено дека тие не
боледуваат од некаква ендемска пренослива болест;
– да имаат соодветна квалификација, верифицира-
на од надлежните служби;
– да ја имаат регулирано својата воена обврска или
да се ослободени од истата.
Член 5
Надлежните служби на Република Словенија, по
извршениот избор на работници, државјани на Република
Словенија, списокот на избраните работници со лични
податоци за лицата (идентификациони податоци, брач-
на состојба, години на старост на избраните работници,
квалификации, работно искуство) ги доставуваат пов-
торно до дипломатско-конзуларното претставништво на
Република Македонија, кое истите податоци ги доставува
до Министерството за внатрешни работи – Сектор за
странци и имиграција во Република Македонија, со цел
проверка на лицата од списокот од безбедносен аспект.
Член 6
(1) Министерството за внатрешни работи – Сектор
за странци и имиграција, по извршените проверки списо-
кот со избраните работници го доставува до Агенцијата,
која го повикува работодавачот во Агенцијата да го по-
полни и потпише договорот за вработување за лицата
од списокот.
(2) Агенцијата, на работодавачот му издава соглас-
ност за вработување на лицето од договорот за вра-
ботување, за да тој согласноста и договорот за вра-
ботување ги достави до дипломатско – конзуларното
претставништво на Република Македонија во Република
Словенија.
Член 7
По добивањето на документацијата од работодава-
чот од член 6 на овој Прилог, дипломатско-конзуларното
претставништво на Република Македонија ги известува
надлежните служби на Република Словенија да ги упатат
лицата кои ќе бидат вработени како сезонски работници
до дипломатско–конзуларното претставништво на Репуб-
лика Македонија во Република Словенија со цел доби-
вање влезно – излезна виза со назнака “За вработување”.
Тие лица, мораат со себе да ги донесат и документите
со кои потврдуваат дека ги имаат исполнето условите од
член 4 од овој Прилог. Влезно-излезната виза “За врабо-
тување” трае 30 дена од денот на издавањето.
Член 8
(1) Трошоците за доаѓање и враќање на работници-
те се на трошок или на работникот или на работодавачот,
во согласност со договорот за вработување.
(2) Надлежните служби од Република Македонија
може да одбијат да издадат дозвола за влез на работни-
ците ако тие немаат потпишан договор за вработување
во согласност со член 6 од овој Прилог, ако немаат
валидни патни документи или ако тие не одговараат
на условите од правните прописи за влез во земјата.
Имињата на одбиените работници ќе бидат доставени
до надлежните служби на Република Словенија. Во овој
случај, договорот за вработување е неважечки.
Член 9
(1) По влезот на работникот во Република Маке-
донија тој е должен да се јави кај работодавачот кој е
должен да го прифати и да му обезбеди сместување
и услови за живеење (исхрана). Работодавачот до де-
нот на започнување со работа за него во Агенцијата
обезбедува одобрение за засновање работен однос со
странски државјанин за конкретниот странски работник,
за што мора да поднесе до оваа служба фотокопие од
патната исправа на странецот со влезно-излезна виза
“За вработување” и потпишан договор за вработување
од работодавачот и работникот.
(2) Работникот е должен во рок од 10 дена од влезот
во земјата, со помош на работодавачот, да се обрати до
Министерството за внатрешни работи – Сектор за странци
и имиграција заради добивање документ за привремен пре-
стој по основ на вработување, со времетраење утврдено во
Одобрението за вработување издадено од Агенцијата.
(3) Врз основа на претходните постапки, работо-
давачот во Центарот за вработување со седиште на
работодавачот врши заверка на документи за засновање
на работниот однос согласно законските прописи на Ре-
публика Македонија.
Член 10
(1) Заради легитимирање пред надлежните органи,
работникот, за време на престојот во Република Македо-
нија е должен, за цело време со себе да ги носи дозвола-
та за работа и дозволата за престојот, како и дозволата
за влез и излез од државата додека истата е важечка.
(2) По истекот на важноста на договорот за врабо-
тување, работникот мора пред неговото излегување од
Република Македонија да ги врати, неговото одобрение
за засновање работен однос и дозволата за престој на
надлежните органи кои истите ги издале.
Член 11
(1) Во случај на примена на член 7 од овој Договор,
дипломатско-конзуларните службеници од Република
Словенија во Република Македонија се должни да го
олеснат враќањето на работникот во неговата земја.
(2) За покривање на евентуалните трошоци за
враќање на работникот во овие случаи, работникот е
должен во рок од 30 дена од денот на вработувањето,
кај работодавачот да депонира средства за покривање
на трошоците за превоз во копнениот сообраќај.
(3) Работодавачот, депонираните средства му ги
исплатува на работникот на денот на евентуалното про-
терување од државата, или на денот на престанувањето
на важноста на договорот за вработување.
Член 12
Трансферот на плаќањето за работниците се врши
согласно важечкото национално законодавство.
Член 13
Во периодот на нивното легално вработување во
Република Македонија, државјаните од Република Сло-
венија кои се сезонски вработени, ги имаат правата и
обврските според работното законодавство на Република
Македонија.
Член 14
Ако работникот ги прекрши одредбите од овој Дого-
вор и овој Прилог, ќе му се забрани секое понатамошно
вработување во Република Македонија.
Член 15
За целите на овој Договор, Република Македонија
може да назначи трудов консултант (советник по пра-
шањата на работната сила) во дипломатско-конзулар-
ното претставништво во Република Словенија, чиишто
обврски ќе се однесуваат на надзорот и вршењето на
постапките кои се потребни за вработување на работ-
ници од Република Словенија во Република Македонија,
како што е договорено врз основа на овој Договор и овој
Прилог.